Не се случило веројатно во поновата историја посебно во најсилните лиги, некој голман да добие три жолти картони за така краток период од безмалку еден месец откако почнала сезоната.
Димитриевски во петте досегашни мечеви бранеше на сите, а „пожолте“ со Барселона во ремито 0-0 кога блескаше на голот, потоа во победата со Еспањол со 2-0, исто така во Каталонија, како и на завчерашниот меч во победата со Валенсија со 2-1.
Во сите случаи во трите меча, доби жолт картон за задржување на време. Ама, интересно е што секојпат кога ќе пожолти, Рајо Валјекано не губи. Во случаите со Еспањол и Валенсија победија, а со Барса освоија бод и не примија гол од еден од најмоќните напади во моментов.
Во двата меча на кои Димитриевски не пожолте, Рајо – загуби. Со Мајорка дома со 0-2 и со Осасуна во Памплона со 1-2.