Румениге не пропушти, макар од куртоазија, да каже дека навивачите треба да го слават Левандовски и затоа да го пречекаат со поздрави.
„Не смее да се заборави дека тој помина осум години овде и освои сè што можше да се освои, притоа давајќи меѓу 35 и 50 гола секоја сезона“, истакна 66-годишната икона на германскиот фудбал.
Меѓутоа, прашан како би го класифицирал Левандовски на листата со фудбалери кои Баерн ги донел како засилувања, тој не го стави во топ-3.
„Тој дојде како слободен играч, а замина за 45 милиони евра. Придонесе многу во успесите на Баерн, но ако треба да ги класифицирам трансферите во последните 15-20 години…Рибери, Робен, Ноер, Левандовски – по тој редослед“, се изјасни Румениге.
Левандовски дојде во 2014 година, откако претходно четири сезони играше во Борусија.