Англискиот премиерлигаш Арсенал планира со изненадувачки трансфер да го засили нападот. „Топчиите“од Лондон се еден од тимовите кои имаат интерес за Диего Коста.
33-годишниот бразилски напаѓач и поранешен шпански репрезентативец неодамна го раскина договорот со Атлетико Минеиро и моментно е слободен агент.
Од „Емирати“ се уште не стапиле во контакт со Бразилецот, но Микел Артета сериозно размислува за такво нешто. Менаџерот е во затегнати односи со Пјер-Емерик Обамејанг, кој е пред раскинување на договорот со клубот, а моментно е недостапен поради учеството на Африканскиот куп на нации. Во меѓувреме, лондончани набрзо се разделија со Флоринг Балогун, кој беше испратен на позајмица во Мидлсборо.
Во исто време, Диего Коста сигнализираше дека сака да се врати во Европа. Тој има искуство на терените во Англија, го водеше нападот на тимот на Челси во периодот од 2014 до 2017 година.
Покрај Арсенал, за него се заинтересирани и шпанските прволигаши Кадиз и Елче, кои веќе почнаа преговори за негов ангажман