Домашниот тим беше хендикипиран, играше повеќе од 70 минути со фудбалер помалку, но тоа не го спречи да поведе со 2-0 со головите на Ел Несири во 43. минута и на Акуна во 81. минута. Крахот го најави Родригез во 89. минута, додека бодот за гостинскиот тим го донесе Пасенсија во третата минута од судиското надополнување. Акуна набрзо потоа го доби и вториот црвен картон за домаќините.
Севилја со овој бод остана на 13. позиција на табелата во шпанската Ла лига со 32 бода, додека Селта е деветта со четири бода повеќе.