Наполи ја забележа шестата победа на осмиот натпревар во Серија А , во дуелот со Емполи (1-0) на „Карло Кастелани“.
Гостите од Неапол се мачеа на овој меч, меѓутоа дојдоа до трите бода против составот кој тешко губи во досегашниот дел од првенството и оствари позитивни резултати на пресметките со Рома (2-1 победа) и Јувентус (0-0).
Клучниот момент се случи во 63 минута кога по еден благ контакт, судијата Абисо покажа на белата точка, одговорноста ја презема Кварацхелија и погоди за победа 1-0. (ОВДЕ можете да го погледнете голот)
Ова значи дека Наполи останува на врвот, сега има 19 бода, три повеќе од второпласираниот Јувентус.