Арсенал се врати на победите во Премиер – лигата откако минимално (0-1) ја совлада Астон Вила на гости. „Топчиите“ сега имаат 54 бода и се вратија во победнички ритам по поразот од Ливерпул во минатото коло. Најважно за составот на Мијел Артета е што се зацврсти на четвртата позиција на табелата.
Бакајо Сака го постигна победничкиот гол за „топчиите“ во 30.минута. Тој шутираше од 20 метри и го совлада Емилијано Мартинез кој беше покриен од соирачите и не успеа да ја скроти топката.