Фудбалерите на Ливерпул и Реал Мадрид се среќаваат од 21 часот во Париз во рамките на финалето на Лигата на шампионите .

Кралскиот клуб не знае за пораз во последните седум финални натпревари, серијата ја започна во 1998 година со голот на Предраг Мијатовиќ против Јувентус во Амстердам. Последен пат тие беа поразени во 1981 година во француската престолнина. Згора на тоа, противник беше Ливерпул.

Историјата е таа, но не смееме да заборавиме дека Реал загуби само три од 16-те финалиња во Лигата на шампионите во кои играше, што го почувствува Ливерпул кога двете екипи се сретнаа во финалето пред четири години.