Фудбалерите на Реал Сосиедад се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во Купот на Шпанија, откако вечерва славеа во дерби-пресметката со Атлетико Мадрид (2-0).
Домашниот тим ја искористи големата криза во таборот на актуелниот шампион, за кој ова беше петти пораз во последните осум средби. Јанузај во 33. минута го најави крајниот епилог, додека Сорлот на стартот од второто полувреме го постави конечниот резултат.. Диего Симеоне со пет замени се обиде да го смени ритамот на средбата, но неговиот тим не успеа ниту да постигне почесен погодок.
Веќе пласирани во четвртфиналето, покрај Реал Сосиедад се и екипите на Бетис, Кадиз, Рајо Валјекано и Валенсија, додека последните два патника ќе бидат познати по пресметките помеѓу Елче и Реал Мадрид односно Барселона и Атлетик Билбао.