Валенсија сака да го ангажира централниот дефанзивец на Барселона, Оскар Мингуеза, тврди „Марка“. Според изданието, „лилјаците“ немаат намера да го купат 22-годишниот дефанзивец, туку се потпираат да им помогне само до крајот на сезоната.На самиот играч не му пречи да се пресели на „Месталја“, каде му гарантираат место во стартниот тим. Тој е свесен дека доколку остане во Барселона, нема да игра редовно, но во исто време тренерот на Барселона, Чави Хернандез, нема многу дефанзивци и претпочита да го задржи на „Камп Ноу“.