Македонските фудбалери Марко Илиевски и Бобан Николов одиграа одличен натпревар во дресот на унгарскиот тим Кишварда затоа што постигнаа голови и асистенции во убедливата победа над Ујпешт (4-0).
Марио Илиевски беше двоен стрелец и асистент, а Николов еднаш погоди и еднаш асистира. Првиот гол на натпреварот го даде Илиевски, во 34. минута по асистенција на Николов. За вториот гол во 46. минута кој го постигна Навратил, асистираше Илиевски.
Третиот гол во 53. минута беше дело на Илиевски по асистенција на Навратил, додека точка на победата стави Бобан Николов со атрактивен волеј-гол од пред шеснаесетникот во 68. минута од натпреварот.
Кишварда се бори за опстанок во ОТП лигата, а овие три бода беа од голема важност за клубот.