Баерн Минхен киксираше во Бундеслигата на што се израдува Баер Леверкузен, бидејќи тимот на Томас Тухел на свој терен загуби од Вердер Бремен со 1-0.

Вердер Бремен оствари голема победа на Алијанц арената, а тоа е прв пораз на Баерн Минхен од овој тим по 2008 година.

Единствениот гол беше постигнат во 59. минута кога Вејсер по една соло акција биеше под пречката на Мануел Нојер.

До крајот на натпреварот Баерн Минхен тргна со сите сили и се обидуваше да го избегне поразот, имаше неколку извонредни шанси, но мрежата на противникот остана нечепната.