На сите натпревари од Италијанското калчо викендов сите фудбалери кои настапија носеа црвен маркер на своите лица.

Тоа е бидејќи сакаат да изразат поддшка и да се подигне свеста за Меѓународниот ден за Стоп за насилството врз жените.

Покрај клубовите од Италија кои веќе неколку години се вклучуваат во оваа кампања, вчера и Барселона ја изрази поддршката со тоа што на гостувањето кај Виљареал настапи со светло виолетови дресови.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1464972366128336904?s=20