Екипата на Њукасл стигна до втората победа во Премиер – лигата оваа сезона откако на домашен терен го совлада Тотенхем со 2-1. Харви Барнс во 37.минута го отвори резултатот, а Ден Брн на почетокот на вториот дел си постигна автогол. Сепак, трите бода за Њукасл ги осигура Александер Исак со голот во 78.минута од дуелот.
Тотенхем во голем дел од мечот беше подобар тим од Њукасл, но доминацијата не ја преточи со постигнати голови, па на крајот претрпе пораз, прв од стартот на сезоната.
https://twitter.com/i/status/1830240003089199180