Екипата на Димитриевски одлично се бранеше во првиот дел (0-0), но потоа следуваше распад на стартот на вторите 45 минути, откако најпрво Аспас погоди за 1-0, а потоа Цис си постигна автогол за предност од 2-0 на домаќините.
Тренерот на Рајо направи неколку измени со цел да ја врати резултатската неизвесност, сепак не успеа во тоа, а триумфот на Селта го запечати Аспас во 85. минута.
Димитриевски и соиграчите имаат 35 бода на седмата позиција во Ла Лига, додека Селта е на 11. место со 31 бод.