Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Брест со 2-1 во Лига 1, но до победата стигнаа потешко од очекуваното и за малку не се посрамотија.

Екипата на Кристоф Галтие повторно се соочуваше со проблеми на теренот, иако постигна водство за гол преку Солер во 37. минута, по што Хонорат израмни на 1-1 во 43. минута.

ПСЖ во текот на цело второ полувреме се бореше за втор гол и конечно успеа да го постигна во 90. минута кога Меси му асистира за Мбапе.

Овој гол на Мбапе е вкупно 3.000 за ПСЖ во Лига 1, навистина убав јубилеј на тимот од Париз.

https://twitter.com/OptaJean/status/1634673764402188292?s=20