Со голот на Џастин Клајверт во 74.минута, Валенсија успеа да слави победа над Осасуна со 1:0 и да освои големи три бода. Оваа победа можеше да биде и поубедлива, но домашниот состав не успеа во судиското продолжение да искористи удар од белата точка. Неуспешен “пеналџија“ беше Дуро во 90+1.минута.

Сепак и тие 1:0 беа сосема доволни за освојување на трите бода.

Валенсија со 26 бода се наоѓа на 16. место, додека Осасуна е осма со 34 бодови.