Новинарот на Раи Спорт, Чиро Венерато, наведува дека Манчестер Јунајтед нашол играч кој би требало да го замени Кристијано Роналдо следната сезона во тимот на клубот од Олд Трафорд. Тоа треба да биде нигерискиот напаѓач на Наполи, Виктор Осимхен. За него Наполи ќе бара 100 милиони евра.

Осимхен оваа сезона на 22 натпревари постигна 11 гола и четири асистенции. Според Венерато, Осимхен е најголемата желба на Јунајтед и веќе се воспоставени контакти. Осимхен во својата кариера играше за Волфсбург, Шарлроа и Лил пред да пристигне во Наполи во септември 2020 година. Тој трансфер изнесуваше 70 милиони евра.