Еден од најпознатите новинари во Италија, Николо Шира објави дека со Распадори сѐ е договорено околу личните услови, годишна плата од 2,5 милиони евра, договор до 2027 година. И на Сасуоло му се понудени 25 милиони евра за откуп.
Но, сега Сасуоло е тој што решава за трансферот и дали сумата што ја добиле како понуда од Наполи е прифатлива, иако од поодамна имаше најави дека без најмалку 30 милиони евра нема да дозволат трансфер на својот репрезентативец.