Тотенхем со бодот стигна до 49 и остана четвртопласиран, но со два меча повеќе од Њукасл кој е на само два бода од нив, а седум пред Ливерпул, исто така со два натпревари повеќе од „црвените“.
Џејмс Вард-Праус во 93-та минута од пенал му откинаа два бода на Тотенхем, а контото Саутемптон го зголеми на 23 бода, а иако последни, шансите за опстанок сѐ уште се големи, зашто само два бода е разликата од првиот во сигурната зона Евертон, кој вечерва игра со Челси.
Педро Поро погоди во судиското надополнување за водство на Тотенхем, израмни Че Адамс на самиот старт на вториот дел и потоа следуваше десетминутен блиц во кој Хери Кејн и Иван Перишиќ во 65-та и 75-та минута ги донесоа лондончани на чекор до триумф. Тео Валкот во 77-та го врати Саутемптон во мечот, а Вард-Праус ги казни со гол за реми во судиското надополнување на крајот.
<div class=”td_block_wrap tdb_single_content tdi_113 td-pb-border-top td_block_template_1 td-post-content tagdiv-type” data-td-block-uid=”tdi_113″>
Астон Вила со убедливи 3:0 го совлада Борнмут со голотите на Даглас Луис, Рамзи и на Буендија. Брентфорд и Лестер ги поделија бодовите играјќи 1:1.
Астон Вила убедливо славеше на домашен терен со 3-0 против претпоследниот Борнмут, со гол од седмата минута на Даглас Луиз, па во завршницата Ремзи и Буендија од 80-та до 89-та дадоа два гола за убедливата победа со која домаќинот дојде до 38 бода на десетото место.
Брентфорд и Лестер одиграа 1-1, домаќините пропуштија шанса да го прескокнат Ливерпул на шестото место, а гостите да се оддалечат од опасната зона, па останаа само на бод од неа и најблискиот ривал Вест Хем.
Важна победа за опстанок оствари Лидс на гости кај Вулверхемптон со 3-2, има 26 бода, на 14-то место. Лидс имаше убедливи 3-0 по еден час игра со голови на Херисон во првиот дел, Ајлинг и Кристенсен во вториот, но Џони и Матеус Куња во осум минути ги вратија „волците“ во мечот, а во 97-та минута со четврти гол печат за триумф на Лидс стави Родриго.