Најскапиот дефанзивец во светот, Хари Мегваер, одново се најде на удар на критиката по синоќешниот пораз на Манчестер јунајтед на домашен терен од Атлетико Мадрид (0-1), кој значеше елиминација од Лигата на шампионите (ЛШ), делумно поради лошата игра, но и поради несмасните потези со кои можеше да ги повреди соиграчите.
Тој имаше очајни интервенции, но барем не си постигна автогол како на неодамнешниот дуел со Тотенхем, а по еден корнер за малку ќе го нокаутираше Кристијано Роналдо со некоординирано движење по кое го удри со глава во лицето. Португалецот поради тоа не ја стигна одлично нафрлената топка, а за малку ќе останеше и без заб.
https://twitter.com/LFC_Belief/status/1503860333399748610?s=20&t=-gX7eDyZ2UIqkxz-3UWyHwМегваер е и директен виновник за примениот гол, со оглед што излезе премногу високо оставајќи празен простор во дефанзивната линија,што противникот максимално го искористи.