Актуелниот англиски шампион Манчестер сити после стартот со пораз во новата сезона во Премиерлигата, го здроби денеска Норич со 5-0 за прв триумф во кој најскапото засилување во англиската елита Џек Грилиш го даде својот дебитантски гол во дресот на „граѓаните“.

Дека Сити ќе победи беше јасно до пола од првиот дел, откако Тим Крул си даде автогол, а Грилиш го дуплираше водството во 22-та минута, па потоа само беше прашање со колку гола во мрежата ќе си замине Норич од „Итихад“. Во завршната четвртина од мечот, канонада од три за 26 минути, почнувајќи од Америк Лапорт во 64-та, па Рахим Стерлинг во 71-та и на крај Ријад Марез во 84-та минута.