Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од фаворитот Брест Мешков со 27-31 (9-13) во првиот четвртфинален натпревар во СЕХА лигата.
Сега битолчани ќе имаат тешка задача за да ги анулираат овие 4 гола предност и да се пласираат во полуфиналето.
По исклучувањето на Обрадовиќ, Брест Мешков на полувремето дојде до предност од 9-13.
Во второто полувреме се играше максимално израмнето, но гостите ја одржуваа предноста стекната во првиот дел.
Најдобар кај Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со девет гола од 11 обиди, шест гола постигна Периќ, а по три погодоци запишаа Табоада и Радовиќ. Кај Белорусите се издвои Кашпарек со осум гола, а Скубе мечот го заврши со пет постигнати погодоци.