Македонските фанови во одлично расположение се загреваат пред тргнувањето кон ,,Таурон Арената” во Краков каде нашите ракометари од 18 часот ќе го одиграат одлучувачкиот натпреват за пласман во наредната фаза против селекцијата на Аргентина .

И двете репрезентации имаат по два порази во првите две кола , но сепак Фалангата е одлично расположена во македонската фан зона и веруваат во победа на избраниците на селекторот Кире Лазаров .