МРТВ ќе врши директни преноси од натпреварите на Македонија во ракомет на У-18 СП кое се одржува во Скопје, и тоа почнувајќи од вечерва кога нашата кадетска селекција се среќава со Шведска во првиот меч од главната рунда. Да потсетиме дека Македонија во групната фаза на трите средби забележа три победи и како прва се најде во следната фаза на овој Мундијал. Освен дуелот со Шведска, во главната рунда избраничките на Љубомир Савевски, ќе играат и со селекција на Исланд. Па така без разлика на натамошните резултати на нашите репрезентативки, МРТВ ќе врши пренос од сите натпревари на Македонија до крајот на ова СП.         Натпреварот со Шведска се игра во 20 и 30 часот.