Хрватска мораше да освои два бода, како би останала во трка за четвртфинале, зашто сега само теоретски може да бидат втори во групата. Данска има пет бодови, Хрватска три, но гол-разликата е убедлива на страната на светскиот првак. Египет убедливо ги совлада Хрватите и е прв со максимални шест бода.
Данска имаше напад за победа, но но згреши, а Циндриќ со шут од преку пола терен над голот не успеа да и донесе победа на Хрватска. Коцкестите на двапати имаа водство со плус четири, но Данците успеваа да стигнат, па се влезе во трилер-завршница.
Питлик даде девет, а Мика Хансен осум гола за Данците, додека Шипиќ со девет и Главаш со осум беа најефикасни кај Хрватите.
Норвешка дури во финишот стигна до победа над Србија со 31-28 , има шест бода, како и Германија во групата и е на само чекор до четвртфинале.
Србија водеше три гола на полувреме (17-14), а дури плус пет имаше на стартот на вториот дел (19-15), но Норвежаните успеаа до завршницата да ја стопат предноста, а потоа со серија 7-2 стигнаа до убедливи плус пет (29-24) со што им беше отворен патотаат патот кон победа.
Сагосен и Бархолд постигнаа по пет гола за Норвешка, а Радивојевиќ, Ѓорѓиќ и Орбовиќ погодија по пет кај Србија.