Нашите арбитри на континенталниот турнир досега судеа на четири натпревари, два од групната фаза и уште два во главната фаза. Прво ја делеа правдата на дуелот помеѓу Литванија и Словачка во Групата Ф, а потоа и на натпреварот помеѓу Полска и Германија од Групата Д.
Во главната фаза судеа во Групата 1 на дуелите Данска – Холандија и Франција – Исланд.
ЕХФ одлучи големото финале на Европското првенство да го судат германските судии Роберт Шулце и Тобијас Тениес.