Организаторите на турнирот во Дубаи потврдија дека Новак Ѓоковиќ таму ќе го одигра првиот меч во 2022 година.
Најдобриот светски тенисер ќе се врати на теренот на турнирот во Дубаи, кој оваа сезона слави 30-годишен јубилеј.
На списокот на пријавени играчи се и Андреј Рубљев, Феликс Огер-Алиасим, Аслан Карачев, Роберто Баутиста Агут, Гаел Монфис…
„Задоволни сме да им посакаме добредојде на голем број врвни играчи во јубилејната 30-та сезона“, рече Колм Меклафлин, извршен директор на Дубаи Дати Фри, главниот спонзор на турнирот.
„Воодушевени сме што Новак по 12-ти пат се враќа во Дубаи и што ќе се бори за својата шеста титула. Му посакуваме среќа“.
Ѓоковиќ и на својот официјален сајт потврди дека ќе игра во Дубаи.
Турнирот припаѓа на серијата 500, а започнува на 21 февруари.