Најдобриот бек во НФЛ на сите времиња, освојувач на седум титули во Супербоул и петкратен МВП на Супер Боул заминува во пензија, објави денеска ЕСПН. Добро упатените новинари Џеф Дарлингтон и Адам Шефтер известуваат дека Том Брејди (44) се пензионира по 22 сезони.
Неговиот Тампа Беј Баканиерс не успеа да ја одбрани титулата во Супербоул, а Брејди одлучи дека е време да ја заврши својата голема кариера и да почне да ужива во заслуженото пензионирање.
Да потсетиме, Брејди минатата година напиша уште едно поглавје во својата легендарна кариера. Во своето десетто финале, Брејди го освои седмиот Супербол и петтата награда за најкорисен играч на финалето. Во победата на Баканиерс, тој испорача три тачдауни за 201 метар.
Брејди сега има две титули повеќе од кој било НФЛ играч во историјата и една повеќе од кој било тим во историјата на НФЛ. Зад него е Чарлс Хејли со пет шампионски титули, а најмногу титули имаат Њу Ингланд Патриотс, шест.
„Горд сум на сите овие момци овде, на сето она со кое се соочувавме цела година. Имавме тежок ноември, но Брус Аријанс имаше доверба во нас. И одигравме најдобро што можевме на крајот на годината“, изјави тогаш Брејди.
Брејди ги напушти Њу Ингланд Патриотс во март минатата година, каде што помина 20 сезони и ги освои сите свои први девет настапи во Супер Боул, и реши да ја продолжи кариера во Тампа Беј Баканиерс, тим што ја освои титулата во 2003 година против Оукланд Рајдерс. И веќе во првата сезона во новиот клуб стигна до тронот, а сега реши дека е доста.