На ден 08.04.2022 во големиот амфитеатар на приватното средно училиште Јахја Кемал од Струга ќе се одржи промоција на монографијата посветена на веслачкиот клуб Црн Дрим од авторот Коста Хиохи. Монографијата опфаќа бројни историски, социолошки и културолошки факти од основањето на клубот до денес, а напишана е по повод 90 годишнината на клубот. Промоцијата започнува во 18:00 часот а на неа се поканети сите поддржувачи и љубители на спортот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=2e20CCwOUxY&feature=emb_logo