Таа настапи во петокот навечер на теренот во Њујорк пред дури 24.000 гледачи, кои уживаа во гладијаторска борба и навиваа за својата миленичка во обид да ѝ ја продолжат лебедовата песна. За жал, не успеаја во тоа, па Серена во пензија ќе замине со вкупно 23 гренслем-титули. Таа на „Ју-Ес опен“ се појави со само една победа во последните 15 месеци и со пласман на 605. место на ВТА-листата, но со својот настап потсети на некои убави времиња, кога доминираше со женскиот тенис.
„Се обидов, но Ајла одигра подобро. Ти благодарам, тато, знам дека ме гледаш од горе. Ти благодарам, мамо. Мојата тениска приказна почна со моите родители и тие заслужуваат сѐ. Не би била Серена да ја нема Венус, затоа ти благодарам Венус. Таа е единствената причина зошто Серена Вилијамс некогаш постоела. Тоа беше забавен пат. Многу сум благодарна на секоја личност која некогаш во животот кажала ‘Ајде Серена’. Ме доведовте до тука“ изјави по мечот Вилијамс, борејќи се со солзите.
Томљановиќ, која во четвртото коло ќе игра против Лјудмила Самсонова, размислуваше за „надреалниот“ момент веднаш по триумфот.
„Навистина ми е жал само зашто ја сакам Серена исто како и вие. Тоа што таа го направи за тенискиот спорт е неверојатно. Кога бев дете, гледајќи ги сите тие финалиња, не ни сонував дека ќе имам шанса да ја го одиграм нејзиниот последен натпревар“, изјави 28-годишната Австралијка со хрватско потекло.