Тениската репрезентација на Србија ќе има пресметка против Велика Британија во четвртфиналето на Дејвис купот. Победникот од тој дуел ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Италија и Холандија.
Србија ќе биде еден од фаворитите за титулата поради најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој сака да ја заврши сезоната со пехарот во Дејвис купот.
„Голема чест е да се игра за Србија. Ова е најважното натпреварување на тимови во кое имаме шанса да се бориме за титулата. Дојдов веднаш по Торино, не славев многу. Ова е една од моите најдобри сезони, но кога ќе го освојам Дејвис Купот, тоа ќе биде моја најдобра сезона“, вели Ѓоковиќ.