Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски се пласира во финале и ќе се бори за златниот медал на Светското првенство кое се одржува во Португалија. Илиоски денеска го совлада својот противник од Азербејџан, Елјан Алкишиев.
Тој со убедливи 3-0 го победи Алкишиев и обезбеди место во големото финале на Светското првенство во кик-бокс, во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу-кик.
„Бобан во сите три рунди водеше со истиот резултат 3:0. Борецот од Азербејџан во претходните борби кои ги имаше беше анализиран од наша страна и изготвивме тактика која Боби ја реализираше во целост. Со оваа борба обезбедивме сребро за Македонија. Утре одиме по златото во финалето, по кое и сме дојдени, противникот е Уришбоев Нурбек од Азербејџан“, изјави тренерот на Бобан Илиевски и претседател на кик-боксерската федерација, Дејан Митровски – Урко.