Поранешниот шампион во УФЦ во тешка категорија, Кејн Веласкез е уапсен во понеделникот во Калифорнија поради обид за убиство.

Веласкез се наоѓа во затворот „Санта Клара“ и нема да биде пуштен да се брани од слобода со кауција поради сериозното обвинување.

Американецот учествувал во пукотници во Калифорнија во понеделникот, а притоа било повредено едно лице.

Веласкез беше шампион во тешка категорија од 2010 до 2011 година и од 2012 до 2015, а притоа оствари 14 победи, од кои 12 со нокаут.