Во вечерните часови во вилата во Понкано во близина на Емполи ништо не мирисаше на неволја.
Но, се случи голема акција од најмалку шест криминалци, кои дојдоа пред куќата на Антонио Ди Натале кој се враќаше дома со семејството, едниот му ставил пиштол на главата на поранешниот фудбалер, а на крајот имало грабеж.
Ди Натале на криминалците им подари часовник вреден 30 илјади евра.
Сето тоа го гледаа двете деца и сопругата.
Полицијата излезе на местото на настанот, немаше повредени за среќа. Ова не е прв пат Ди Натале да има вакви упади на криминалци во неговата куќа, истото се случи и во 2012 година кога беа земени накит и пари.
Антонио Ди Натале е легенда на Удинезе, но и на Емполи каде ја започна својата кариера.
За италијанската репрезентација играше 42 пати и постигна 11 гола, а од оваа година стана и тренер откако го презеде тимот на Карарезе.