Редар на социјалните мрежи објави порака во која му порача на Хамилтон дека сака да гори исто како што гореше Роман Грожан во 2020 година, кога едвај спаси жива глава на трката за Големата награда во Бахреин.
Човекот кој ја испрати морничавата порака до Хамилтон веднаш добил отказ, а ова е само уште една во серијата контроверзи кои се случуваат на трката во Џеда бидејќи веќе неколку дена паѓаат бомби во близина на местото каде што ќе се одржи битката меѓу болидите.