Францускиот интернационалец Осман Дембеле се уште нема договор со раководството на Барселона за продолжување на соработката, иако Чави Хернандез се обидува на секој начин да го задржи на „Камп Ноу“ и после јули. Тој на лето ќе има можност да замине како слободен агент.

Неколку големи европски клубови се заинтересирани за Дембеле, но најконкретен е Пари Сен Жермен, кој започнал и преговори со агентот на Французинот.

ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Килијан Мбапе кој речиси сигурно заминува на лето. Последните информации се дека веќе е постигнат договор со францускиот ас. „Светците“ немаат проблем да ги задоволат неговите финансиски барања.