Цедевита Олимпија и Партизан се едни од неколку најдобри кошаркарски екипи во историјата од просторот на некогашна СФР Југославија,и најавуваат голем спектакл во денешната меѓусебна пресметка, во која ќе им оддадат почит на сите што претходно настапувале во двата тима, особено во времето на некогашната заедничка држава.
Токму поради тоа, средбата наместо во модерната арена „Стожице“ се игра во салата „Тиволи“, синоним за словенечката кошарка и место каде што поранешна Југославија за првпат стана светски шампион во 1970 година. Љубљанчани ќе излезат во ретро-дресови кои потсетуваат на тие во кои поранешните генерации станувале шампиони на СФРЈ, додека црно-белите ќе носат реплика на опремата од сезоната 1978/79, кога ја освоија тројната круна победувајќи во првенството, Купот и во Купот Радивое Кораќ.
Средбата со нетрпение се очекува, не само поради историскиот карактер туку и борбата за пласман во плејофот, односно првото место на табелата во АБА-лигата.