Екипата на Барселона продолжи со одличните игри во ЛШ и оствари голема победа на гости против Борусија Дортмунд (2-3). Сега има освоено 15 бодови кои се гаранција за осминафинале. По мирното прво полувреме, голеадата започна во вториот дел кога беа постигнати пет голови.
Барселона како во првото полувреме имаше иницијатива и во вториот дел па на три пати доаѓаше до предност, Борусија се враќаше во игра, но сепак остана со празни раце во дуелот со шпанскиот гигант.
Бразилецот Рафиња донесе предност за гостите по една брза контра и асистенција на Олмо, а израмни Гираси од пенал по големата грешка на Кубарси. Флик направи неколку измени а резервистот Феран Торес обезбеди нова предност за Барса по извонредна асистенција на младиот Јамал, но Гираси уште еднаш успеа да израмни. По една лошо поставена офсајд стапица, голманот Пења излезедалеку напред да спречи но неуспешно, по што репрезентативецот на Гвинеја го погоди празниот гол за израмнување.
На крајот, Феран Торес постигна победнички гол во 85.минута. Кунде нафрли од десната страна, Лопез силно шутираше а голманот ја одби, топката дојде до Торес кој ја закова во противничката мрежа.
Само головите од „Сигнал Идуна парк“ може да ги погледнете ТУКА.
Италијанскиот Јувентус го совлада Манчестер Сити со 2-0 во Торино. Душан Влаховиќ на почетокот на вториот дел дпостигна гол за водство за Јувентус, а Вестон Меккени ја потврди победата со гол во 75.минута.
Милан на Сан Сиро ја победи белградска Црвена Звезда со 2-1, а победничкиот голго постигна Теми Ејбрахам во 87.минута.
Португалецот Рафаел Леао донесе предност за Милан во 42.минута, а изедначи Немања Радоњиќ во 66.минута од дуелот.
Арсенал триумфира над Монако со 3-0. Букајо Сака беше двоен стрелец, а еден гол постигна Каи Хаверц.
Феенорд ја победи Спарта Прага со 4-2, а Штутгарт беше убедлив против Јанг Бојс со 5-1.