Челниците на Барселона подготвуваат трансфер-десант за следното лето со цел да дојдат до ѕвезда на најголемиот ривал Реал Мадрид и тоа за – без пари.
Станува збор за шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио, кому договорот со „кралевите“ му завршува на крајот од сезонава. Тој не е задоволен од статусот кај тренерот Карло Анчелоти, што неодамна го покажа со шутирање шишиња откако не доби шанса да влезе во игра, поради што преговорите за продолжување на соработката засега се во ќорсокак. Според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, Барса е сериозно заинтересирана за негов ангажман како слободен фудбалер.
„Барселона планира да се вмеша во преговорите на Асенсио со Реал Мадрид. Голема предност за каталонскиот клуб се одличните односи со Хорхе Мендеш, менаџерот на фудбалерот“, пишува „Мундо“.
Асенсио за „кралскиот клуб“ има одиграно 239 натпревари и постигнато 50 голови со 24 асистенции.