Шпанска Барселона е во акција веќе зимава да осигура ново бомбастично засилување и тоа во италијанскиот репрезентативец Жоржињо, членот на Челси, кој би го довела како слободен играч и бесплатно во јуни догодина.
Англиски медиуми посочуваат дека Каталонците се на готовс и со посебно внимание ја следат ситуацијата со Жоржињо околу неговата ситуација во Челси, зашто засега нема на повидок нов договор и актуелниот му завршува во јуни, што значи дека веќе во јануари според правилата може да го доведе натурализираниот Бразилец со италијански пасош на „Камп Ноу“.
Медиумите на Островот шпекулираат дека Жоржињо наводно не е во плановите на новиот тренер Грахам Потер, па Барселона е решена да го донесе и со тоа да најде замена за Серхио Бускетс кој многу извесно по завршување на сезонава ќе си замине од петкратниот европски првак.
Жоржињо лани беше прогласен за најдобар играч во Европа откако стана европски клупски првак со Челси, а потоа и европски шампион со Италија.