Актуелниот италијански шампион екипата на Наполи оствари важна победа против Верона со 2-1 и се врати во игра за топ-4 во Серија А.

Верона имаше водство на дуелот со голот на Копола во 72. минута, додека Наполи во завршницата ги постигна двата погодоци за комплетен пресврт и триумф.

https://twitter.com/i/status/1754166701468385579

Екипата од Неапол најпрво преку Нгонге израмни на 1-1, а потоа во 87. минута Кварацхелија од дваесетина метри со страотен удар постигна велемајсторски гол за победа од 2-1.

https://twitter.com/i/status/1754168417399996866 https://twitter.com/i/status/1754170395773534278

Наполи има 35 бодови на седмата позиција во Серија А, додека Верона остана во зоната за испаѓање со 18 бода.