Со голот на Пјонтек во 56. минута, екипата на Фиорентина ја прекина серијата од два меча без победа во Серија А совладувајќи ја на домашен терен екипата на Аталанта во еден од клучните натпревари за пласман во европските купови.
Новото засилување за „виолетовите“ оваа пролет успеа да ја погоди гостинската мрежа на самиот почеток на второто полувреме и да и донесе 13-та победа на Фиорентина со која се проби на 7. место на табелата.
Аталанта со овој пораз ја продлабочи кризата, затоа што тимот на Гасперини веќе пет меча во серија нема остварено победа.