Нашата најдобра фудбалерска и репрезентативка Наташа Андонова на вчерашниот квалификациски дуел против Летонија на гостински терен, во триумфот од 1:4 постигна ретко убав гол.

Директно од корнер, во стилот на некогашниот наш репрезентативец ас, Артим Шаќири, кого вечно ќе го паметиме по евроголот од корнер во дуелот против Англија во Саутемптон.

Андонова изведе прекрасен удар од корнер и гаѓаше на втората статива по што чуварот на мрежата на Летонија не можеше не можеше да стори ништо.

Ова не е прв гол за Наташа директно од корнер. Ист ваков има постигнато и во дресот на Браселона.

https://twitter.com/MacedonianFooty/status/967807049974407168?s=20