Серхио Агуеро (33) решил да се ослободи од автомобилот што го купил во 2014 година бидејќи го смета за најбескорисното купување што некогаш го направил.
Имено, Агуеро купил Lamborghini Aventador, но вели дека и самиот не знае зошто го направил тоа бидејќи речиси никогаш не го користел.
“Не знам зошто побогу купив Ламборџини. Можеби направив 1.200 километри со него за шест години. Веќе две години размислувам зошто воопшто го купив. Се обидувам да се ослободам од него и го продавам“, рече Агуеро претходно оваа година на социјалните мрежи.
Неговото Ламборџини сега е ставено и на оглас, а цената е 222 илјади евра. Автомобилот има 700 коњски сили и достигнува максимална брзина од 350 km/h.