Кошаркарскиот сојуз на САД е подготвен да го назначи Стив Кер за нов селектор на репрезентацијата.
Грег Поповиќ ја заврши својата двегодишна мисија во „Дрим тимот“ и ќе се посвети исклучиво на Сан Антонио Спарс. Неговиот мандат не беше најсветлиот можен момент во кариерата, особено што доживеа дебакл на СП 2019 во Кина, кога го освои само седмото место. Сепак, тој се извади летото кога освои злато во Токио на Олимписките игри.
Него на чело на репрезентацијата ќе го замени досегашниот помошник, а сегашен тренер на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер. Успешниот стручњак кој трипати го освојуваше прстенот со „воините“ во блиска иднина ќе и биде претставен на јавноста како нов селектор, пренесува добро информираниот Адријан Војнаровски.
Ќе му помагаат легендарните Монти Вилијамс, Ерик Споелстра и Марк Фју, а заедно ќе формираат тим од луѓе кои ќе ги предводат Американците на следното Светско првенство и Олимписките игри во Париз во 2024 година.