Србинот средбата ја заврши со 40 поени, 10 скокови и четири асистенции, шутираше од игра 18/27 за неполни 44 минути на теренот. Само два дена претходно, српскиот центар постигна 41 поен, но Денвер тогаш загуби од ЛА Клиперс. „Нагетси“ во регуларниот дел се спасија со кошот на Џамал Мареј, кој реализира шут за продолжение со звукот на сирената по асистенција од Јокиќ. Возбудата не изостана ниту во дополнителните пет минути, а Репторс имаа шанса за победа, но Ар-Џеј Барет промаши тројка за триумф.
Во екипата на Денвер се истакнаа и Кристијан Браун и Мареј со по 17 поени, додека Арон Гордон постигна 16 поени, 11 скокови и осум асистенции. Најпрецизен кај Торонто беше Скот Барнс со 21 поен, 12 скокови и девет асистенции.
Во натпреварот помеѓу Далас Маверикс и Јута Џез (110-102), Лука Дончиќ имаше слаб учинок, со само една тројка по серија од осум промашувања. Тој заврши со скромна реализација од 5 погодени шутеви од 22 обиди (22,7 отсто), што претставува една од неговите најлоши шутерски вечери за вкупно 15 поени со девет скока и осум асистенции. Најдобар поединец во редовите на Далас беше Кајри Ирвинг, кој постигна 23 поени, додека Клеј Томпсон додаде 18 поени, надополнувајќи го недостатокот на ефикасност на Дончиќ и водејќи го тимот до победата.
РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Индијана 119-115, Атланта – Вашингтон 119-121, Бостон – Милвоки 119-108, Мајами – Детроит 106-98, Њујорк – Кливленд 104-110, Торонто – Денвер 125-127 (п), Мемфис – Чикаго 123-126, Сан Антонио- Хјустон 101-106, Далас – Јута 110-102, Феникс – ЛА Лејкерс 109-105, Сакраменто – Портланд 111-98.