Ненад Димитријевиќ одигра уште една блескава партија за нашиот национален тим, со што потврди дека е една од најголемите кошаркарски ѕвезди во квалификациите за ЕП кое ќе се одржи следната година во четири земји (ПолскаФинскаКипар и Летонија).

Нено постигна дури 43 поени на дуелот против силната Литванија во Клаипеда, со што  се зацврсти на лидерската позиција на најдобрите стрелци. Нашиот најдобар кошаркар ја зголеми предноста во однос на своите конкуренти, има реализација од 100 поени, што дава просек од неверојатни 33.поени по натпревар.

Зад него останаа кошаркари како Клемен Препелич (Словенија), со просечни 24.7 поени, Марио Хезоња (Хрватска) со просек од 24 поени, и Торнике Шенгелија од Грузија со 23.8 поени по натпревар.

Димитријевиќ е прв и на листата на најкорисни играчи во досегашниот дел од квалификациите по четири одиграни кола. Има просечни 30.7 индексни поени, а веднаш зад него е уште еден македонски репрезентативец, американецот Итан Хап, кој на двата одиграни натпревари (не играше на последните два со Литванија поради повреда), има нешто пониски 30.5 со кои се далеку пред нивните конкуренти.