Шампионскиот тим на Денвер еден ден претходно го победи Голден Стејт со тројка на Јокиќ во последната секунда, но синоќа загуби на домашен терен од Орландо со 120-122.

Српскиот кошаркарски див сега не можеше да решава затоа што беше добро затворен, па одговорноста падна врз Џамал Мареј­. И тој немаше чиста позиција и мораше да шутира преку двајца противнички кошаркари, но промаши и шампионот го претрпе 12. пораз оваа сезона.

Во првото полувреме Денвер имаше двоцифрена предност, на полувреме отиде со 67-54, но застана во третата четвртина во која прими 41 поен. Јокиќ го заврши натпреварот со 29 поени, 8 асистенции и 4 скока.

 

Херој на Орландо беше Паоло Банкеро кој оствари трипл дабл со 32 поена, 10 скока и 11 асистенции. Тој ги погоди и двете слободни фрлања во последниот напад на Меџик со кој гостинскиот тим дојде до предност од два разлика, пред Мареј да промаши во клучната акција.