Брони Џејмс, синот на легендарниот Леброн Џејмс, ги воодушеви сите во салата со неговиот контра-напад против екипа составена од најдобрите француски кошаркари до 18 години.
Натпреварот се играше во Париз, а младиот Џејмс при еден напад го претрча цел терен, по што имаше брутално забивање за водство од 47-33 на неговиот тим.
Брони на крај заврши како најдобар стрелец во редовите на Калифорнија со 25 поени.