Во Евролигата ќе се играат дури три мајсторки. По сериите меѓу Барселона и Олимпијакос и Панатинаикос и Макаби, одлучувачки петти натпревар ќе играат и Монако и Фенербахче.
Францускиот шампион победи на гостувањето во Истанбул со 65-62 и се избори за мајсторка на домашен терен која ќе одлучи кој ќе патува за Берлин. Драматичниот меч беше решен во последните секунди, а го одбележаа неколку моменти во финишот.
Прво, на водство од еден разлика за Монако, Гудуриќ беше изблокиран во контранапад при можност да го однесе Фенербахче во предност. Во следниот напад Мајк Џејмс погоди тројка за 61-57, на помалку од минута пред крајот. Фенербахче подоцна пак се доближи на -1 (62-63), имаше и напад за победа, но Вилбекин беше непрецизен.
Во последниот напад, Вилбекин промаши шут за два, на семафорот останаа уште пет секунди па Монако го имаше завршниот збор. Турскиот тим реши да не прави фаул, па така со двојка гостинот го реши мечот. Окобо со 13 поени и Џејмс со 10 поени беа најдобри кај Монако, додека кај Фенербахче, Гудуриќ даде 14, а Вилбекин 11 поени.
Од четирите четвртфинални серии, досега заврши само онаа меѓу Реал и Басконија во која актуелниот европски шампион славеше со 3-0.